Tuesday, May 22, 2012

времето леташе... :/


Пак враќање во реалноста,си се качивме во автобус и за Парну.... 
Како и да е прекрасен викенд,ете уште едно гратче плус,нешто ново,полека полека се навикнувавме на Естониа,ја учевме,и се повеќе се интересиравме,и се повеќе имавме во план да одиме и шетаме некаде додека сме послободни.

Ете и Април си замина,времето леташе неусетно,а од тоа најмногу се плашев,дека убавите моменти секогаш брзаат,и дека ќе дојде денот кога ќе треба да се вратиме и да заврши се.
На работа пак си одевме,на 1 Мај бевме информирани дека ќе дојде уште еден волонтер овде во Парну,момче од Шпанија,и дека ќе работи во клиниката за ментални лица,и лица со посебни потреби,каде што јас имав часови.

Така да дојде и тој ден кога го запознав Исмаел,нетипично име за Шпанец и тоа католик,но сепак имаше типично шпанско презиме.

Се запознавме во центарот,му помогнав за во банка и за некои работи,затоа што сепак него прв пат му беше и не знаеше баш се а ние како прво дојдени тука,па почнав да му кажувам што е каде е,што има,во градот,каде може да најде тоа што му треба,и се што сака да ме праша дека сум му на располагање во секое време.

Ни поминуваше интересно времето,на работа,јас си поминував доста исполнето и во Паевакескус центарот,каде што бевме заедно со Исмаел,со една девојка која ја запознав таму исто како социјален работник Aili од Естониа –Тарту,студира во Парну,и на пракса во Паевакескус,и исто така запознав еден дечко од Парну,Roman русин,но живее во Естониа,исто така и тој е на пракса во центарот.
Запознав и многу други социјални работници,психијатри,кои се доста фини,и со кои си разговараме за клиентите,си помагаме меѓусебно,учам доста нови работи за нив,многу интересно ни поминува времето со нив,барем нешто се работи,и не е досадно,и сакам да сум активна и вклучена во настаните,не сакам да бидам пасивна,и да немам задачи,или работа.

авантурите во Тарту...


Но сепак многу интересно дожививање,и искуство,бидејќи тоа беше прв пат за нас,и бидејќи бевме таму веќе и заедно интересното беше што сите уживавме во тоа,иако ни беше малку чудно,во природа треба да се снајдуваш,немаш ништо да дофат,но барем интернет што е најважно имаат секаде низ Естонијава.
Без тоа не се живее,исто така и сауна мора да има,па вечерта само што се сместивме веднаш ги зедовме крпите и во сауна,заради тоа што тоа е најважниот дел,и не може туку така да се прескокне па затоа крпите во рака,виното со нас и веднаш во сауна.
 Како и да е беше интересна вечер,иако беше касно сепак уживавме во сауната,во разговорот меѓусебе,и иако бевме повеќе девојки и само Pierre и уште еден пријател од селото кој беше само кратко таму и ни ја припреми сауната.

Значи вечерта помина интересно,забавно,и бевме само неколкумина,ни недостасуваа и другите но сепак имавме интересно искуство,завршивме со сауната и полека се спремавме за спиење,сите спијавме во иста соба,три на душек на под,и двајца на кревет,но пред да заспијаме се разбира малку смеење,забава,сликање,и после сите уморни од зборување,како и од шетање цел ден,нормално и сауната те успива,баш после сауна се чувствуваш дека ќе спијаш како јагне,па и заспавме неусетно баш како јагниња.

Утрото се разбира јас како и секогаш со моето понекогаш необично будење,и прилично рано,станав околу 8 и како аларм почнав да ги разбудувам полека сите,затоа што времето беше прекрасно надвор,и сонцето не повикуваше на прошетка низ прекрасната природа,да прошетаме низ шумата,да подишиме свеж воздух.
Така и направивме полека сите се раздбуија од длабокиот сон,па направивме јадење и се спремивме за прошетка.
Навистина беше интересно,воодушевувачка природа,високи дрвја,водата од реката исто така беше премногу чиста и мирна и прошетката исто така беше и прекрасно времето,за релаксација,но во план ни беше и да ги запознаеме некои од практикантите таму,како и луѓето со посебни потреби,затоа што тие живеат таму,и Heli работи со нив,тоа село е специјално за такви лица да седат и за волонтери или социјални работници кои би работеле со нив.
Имаат и различни куќи,каде спијат,каде можат да играат некакви игри,каде можат да изработуваат нешто,доколку сакаат,имаат скоро се,и куќите им се прилично нови,градбата и ентериерот внатре прекрасни,да не очекуваш дека во такво село може да имаат доста интересни куќи со добар изглед како однадвор така и одвнатре.

Се запознавме со нив,исто така поигравме некои игри во салата каде што најчесто го поминуваат времето,иако не знаеа англиски,зборувавме и користевме раце,или насмевки затоа што на такви луѓе доволно е само да им се насмееш и се ќе биде во ред,или да им кажеш ОК и доволно им е за да не станат агресивни,или досадни.

Некои од волонтерите се исплашија,зошто секој не може да гледа такви луѓе,ниту може да поднесе да биде во близина,но сепак ништо страшно не се случи се си беше во најдобар ред и полека се прибиравме за да го фатиме автобусот од селото до автобуската станица и да си одиме дома затоа што доживувањето и викендот во Тарту и во селото заврши.

Викенд во Тарту!


Дојде викендот,се решивме дека ќе одиме за Тарту,се спремивме и саботата утрото заминавме.
Времето беше прекрасно,доста топло,сончево,прекрасно за шетање,ги чекавме да стигнат и Alicja со  Ekaterine,нејзината цимерка,зошто другите не се решија да дојдат,кој имал работа,кој не можел,кој бил зафатен,...
Но сепак како и да е колку бевме толку. 
Ние стигнавме најпрви,и се чекавме сите на автобуската станица,па стигнаа Alicja  со цимерката,па Heli со другарка и,па така се договоривме да ги оставивме торбиците кај другарка и,бидејќи  живееше блиску,и ние да шетаме низ Тарту,да јадиме,и да ги гледаме студентските игри кои почнуваа попладнето,во центарот кај мостот.

Тарту беше прекрасно гратче,одоколу со многу големи и модерни згради,а во центарот стилот беше сличен како во Талин,но помал,исто така бевме да јадиме во еден италијански ресторан и беше доста вкусно,се шетавме низ градот,центарот,видовме знаменитости,споменици,парк во центарот каде што имаше и планетариум,бевме после и во близина на центарот кај мостот од реката каде што студентите се припремаа да играат игри во водата,скокаа во вода со јажиња и имаа интересни и забавни игри,многу луѓе гледаа седеа во тревата и се забавуваа заедно со нив,така и ние,се смеевме се сликавме,и ни поминуваше доста забавно и интересно времето.
И се шетавме секаде,го запознававме подобро градот,бевме во еден ботанички парк,прекрасен,убавина,бев воодушевена колку прекрасно и природно изгледаше,после го разгледувавме центарот,градбите,како и шетавме низ молот кој што беше прилично голем,и кој што имаше се и сешто внатре. 
И полека се ближеше времето да се прибираме,па пред да одиме во селото,бевме во еден англиски паб Биг Бен,и таму си поминавме прекрасно,јадевме разговаравме и имавме забава,го сретнавме капетан Морган”,имаа нешто како промоција,па еден дечко облечен исто како капетан Морган,одеше од маса на маса и изведуваа игра како забава да го отворат гостите ковчегот,и да видат дали ќе успеат во тоа,но интересното беше што кој и клуч да го одбереш со секој можеше да се отвори,и следува капа капетан Морган,блуза,или привезок,па така да секој си одбираше.
Од нашата маса Pierre се обиде и си одбра капа.Така да полека полека требаше да се спремаме и да си одиме за да го фатиме и последниот автобус за во селото Марија Куила.Бидејќи беше скоро 22:00 часот,еден час ни требаше за да стигнеме во селото.
И тоа го направивме и кога стигнавме само можам да кажам дека тука почна интересниот дел,бидејќи автобусот не остави на автопат,како пустелија,и тоа беше најинтересното доживување,бидејќи немаше ништо,ни осветленост,туку само шума со високи дрвја,и по патот требаше да внимаваме да не згазиме жаби затоа што ги имаше во голем број,и кога одевме по пат за да стигнеме до куќата на Heli каде и што беше сместена,требаше да пешачиме околу 10-15 минути,но по пат страшно,и почнавме да се смееме и да се зафркаваме меѓусебе како можи да живее,дека ние не можеме да издржиме ни еден ден,неосветлено,нема ништо освен пет шест куќи,на едно место,сауна,и шума со река,немаат друго ништо,ни продавница,ни болница,ни ништо тоа беше интересно како за преживување.

....


Полека си заминуваше и Април,но во меѓувреме,дознавме лоша вест дека треба да се селиме од апартманот и дека треба да бараме нешто ново.

И бевме изненадени,и тажни,бидејќи се разбира не сакавме да се преселуваме,штотуку се навикнавме,и локацијата ни беше перфектна,се ни беше блиску,па до 15-ти Мај веќе требаше и да бидеме одселени.

Април си заминуваше полека,времето во Парну се менуваше,и беше различно,или топло сончевое,или ветровито,или врнежливо,или некогаш доста ладно време.

Јас се решив еден викенд пак да одам за Талин и да ги посетам пријателите,си поминав прекрасен викенд,бев сама,шетавме во Талин секаде,времето ни се погоди,така да доста интересно си поминав тој викенд.

Инаку кога сум слободна за викенди,или шетам некаде или пак некој ми иде на гости,или со моите пријатели од Парну се собираме и се договараме  да одиме некаде.
Така да викендите ни се доста резервирани и испланирани пред време,така што се решивме да одиме и еден викенд за Тарту,заедно со Pierre,и со другите волонтери,бевме поканети од страна на девојката од Чешка,Heli,бидејќи тоа беше фестивал на студентите,Тарту е познат по студентскиот живот таму,и планот беше да одиме сите во Тарту и после кај Heli во селото каде што работи и живее,а тоа е еден саат оддалечено од Тарту.

Friday, May 18, 2012


На работа почнавме да се трудиме повеќе,јас почнав да и да посетувам еден психијатриски центар,и да работам со луѓе со посебни потреби,со различни дијагнози,па му давав часови Зумба,релаксација со музика,работам со нив,зборувам на секакви теми,затоа што повеќето од клиентите и знаат англиски и се трудат со мене да зборуваат на англиски,исто така играме игри,се дружиме,цртаме,правиме некои интересни уметнички дела,имаме часови по спорт,имаат секакви терапии,за релаксирање,Гонг-терапија,како и да е времето таму ми е прекрасно поминато,затоа што луѓето се навикнаа на мене,ме обожаваат,што и не е баш лесно да работиш со такви луѓе,повеќето од нив се нервозни,или стануваат понервозни па затоа треба да си трпелив и да ги ислушаш. 

Како и да е си поминувам интересно таму,ме исполнува тоа што работам со нив,искуство плус во животот,и не ми е тешко,единствено што треба секој ден да си со нив расположен,насмеан,полн со позитивна енергија и да ги мотивираш и нив да да работат,или да те послушаат,и полека да растат чекор по чекор,и да учат нешто,затоа што нив им треба подолг временски период.
Па така го поделивме работното време два дена во Паевакескус-центарот,и другите денови кај мене на работа.

Таму запознав многу млади практиканти,социјални работници,психолози,па се дружиме за време на паузите,и исто така на 1 Мај очекуваат да им дојде волонтер како нас од Шпанија кој ќе биде 4 месеци во Естониа.

Со Uudo и Pierre бевме заедно и на еден сaем,имаа програма, и ние како организација да се претставиме таму со флаери,брошури,постери,како и порцелан,дека се изработува и дека исто така има курс по порцелан.
И таму си поминавме онака интересно,како за недела утро,иако сакавме да останеме да спијаме дома,сепак требаше да одиме.

Гледавме разни дечиња,разни групи,имаа интересна програма и на крај нормално настапија Voice of Voices,рок групата од Парну,која ни е омилена,и постојано ги следиме нивните концерти.

Ах и да не заборавам,нели Естонците многу многу и не веруваат во Бог,не се религиозни,ниту пак во црква одат,па затоа за Велигден овде не е толку традиционално да го слават како кај нас,па да шараат јајца,да можеби некои од Русите но од Естонците не,па затоа бевме на ручек-вечера,за Велигден,но тие го нарекуваа ручек за Божиќ,бидејќи Uudo немал можност да се соберат за Божиќ, некои од вработените,тоа испадна баш за Велигден,и ние исто така бевме со нив,во еден ресторант,и таму си поминавме прекрасно,па после тоа во Ендла театарот на монодрама и тоа на естонски.Иако ништо не разбиравме сепак и ние се смеевме,нешто ни преведоа,и така ја свативме суштината на смешната монодрама.

После тоа ние со Pierre продолживме кај Siret, дома бидејќи така бевме договорени да се собереме друштво кај нејзе,и најинетерсно беше што навистина овај Велигден овде беше како Божиќ,не како Велигден,средина на Април месец,и очекуваа сите да биде потопло,и да дојде пролет,но сепак ноќта кога си одевме за дома снег до колена надвор,веднаш се присетивме на времето кога стасавме овде во Февруари...Чудно,време,но за нас, за Естонците нормално...


Неделата полека сите се освестувавме,и кој што се реши да си оди,полека го фаќаше автобусот,неделата останавме само неколкумина,и требаше Pierre,ни даде прекрасна идеја,направи салата,зедовме со нас се што ни беше потребно за јаденње,дури и чај,пластичен прибор и решивме да одиме во Валикир паркот,бидејќи времето беше прекрасно,за прв пат,топло пријатно само за надвор,па затоа се одлучивме да правиме пикник.

И се шетавме покрај реката,паркот,јадевме,па испративме уште некој за дома,и тие колку што бевме,продолживме кај Nik во дворот,си седевме,си јадевме,пијавме,и си разговаравме.
Така викендот беше прекрасен,скоро сите си заминаа,и тие што се решија за понеделник и тие си заминаа,и така се вративме на старите обврски,на работа,дома,викенди во Парну,прошетки со друштвото,вообичаено.




Ја претставив и групата,момчето и девојката кои изведоа три прекрасни песни,атмосферата беше интересна,уживавме во нивната интерпретација,и на крај им кажав дека сега може да се послужат со баклава и со солените топчињна кои беа поставени на масите,како шведска маса,и кој сака да си земе.

Јас искрено се чувствував исполнето,бев среќна,дека се излезе на крај како што треба,луѓето беа задоволни,ми дадоа прекрасни комплименти,исто така ме прашуваа и за Македонија,и многу ми значеше што беа доста заинтересирани,дури и спремни да дојдат и да ја посетат мојата земја.

Морам да спомнам дека две волонтерки не дојдоа поради оправдани причини,иако ги очекував и бев сигурна дека ќе дојдат,но како и да е ми се јавија и ми се извинуваа,и тоа за време на презентацијата,но морам да го спомнам моментот кога Kadri девојката од Парну,која очекував дека секако ќе дојде,го договаравме тоа долго време,и скоро само за тоа се зборуваше,и кога на крај од презентацијата дојде расплакана,и многу тажна дека ја пропуштила презентацијата,и дека го утнала часот,така беше растревожена,и чувствуваше вина,и плачејќи ме гушкаше,и ми се извинуваше,и ми даде прекрасно свежо цвеќе,и обетки кои сама ги изработува.
И така двете плачејќи се гушкавме и се тешевме,иако ја пропушти презентацијата,ја сватив на секој може да му се случи,па така да јас бев среќна и што дојде на крајот да проба нешто од храната,како и со тоа што навистина сватив дека на девојката и е криво што пропушти,но сепак се случува.

Полека се спремавме,средивме скоро се,и се договаравме да одиме некаде да се забавуваме,па Nik,ни предложи на сите да одиме кај него во куќата,да пијаме нешто и после тоа да одиме некаде во некој клуб,или во зависност од тоа што сакаме.

Сепак се собравме сите млади,и навистина си поминавме прекрасно,си поседивме,се смеевме,се запознававме меѓусебно сите,пеевме,пијавме,се расположивме така да навистина беше незаборавно,интересно,со еден збор прекрасно,па и продолживме во еден бар во центарот каде што ние со друштвото почесто си одиме и се чувствуваме како дома,бидејќи е мирно местенце,газдарицата не знае,и ни отклучува,кога одиме подоцна,или кога сакаме да останеме подоцна без проблем остануваме,и после некое пивце таму,си се вративме сите по дома.

Лудо и незаборавно,морам да признаам,гостите беа воодушевени од нашиот пречек,и за тие што првпат дојдоа,на некои не им беше прв пат,но сепак беа задоволни,а тоа беше најважно.